Стабилен кредитен рејтинг за Македонија

Bez autora
Mar 23 2014

Вест број еден вчера беше дека кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и пурс“ го намалија кредитниот рејтинг на Русија од стабилен на негативен. Промени има и кај дел од земјите во регионот, а Македонија останува со кредитен рејтинг ББ+ стабилен. Оваа кредитна агенција нотира дека реалниот пораст на бруто-домашниот производ од 3,1 отсто во земјава бил воден од градежниот сектор. Благодарение на стимулациите преку јавните инвестиции, нотира „Фич“, се очекува растот да го зголеми интензитетот во 2014 и 2015 година, на 3,2 односно на 3,5 отсто. Странските директни инвестиции, кои се една четвртина од вкупниот извоз на земјата, се очекува и понатаму да овозможуваат повисока стапка на раст, а невработеноста останува на ниво од околу 29 отсто.

Стабилен кредитен рејтинг за МакедонијаВест број еден вчера беше дека кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и пурс“ го намалија кредитниот рејтинг на Русија од стабилен на негативен.

Промени има и кај дел од земјите во регионот, а Македонија останува со кредитен рејтинг ББ+ стабилен.

Оваа кредитна агенција нотира дека реалниот пораст на бруто-домашниот производ од 3,1 отсто во земјава бил воден од градежниот сектор. Благодарение на стимулациите преку јавните инвестиции, нотира „Фич“, се очекува растот да го зголеми интензитетот во 2014 и 2015 година, на 3,2 односно на 3,5 отсто. Странските директни инвестиции, кои се една четвртина од вкупниот извоз на земјата, се очекува и понатаму да овозможуваат повисока стапка на раст, а невработеноста останува на ниво од околу 29 отсто.

Во извештајот се вели дека и покрај зголемувањето на инвестиции, се' уште е ниско нивото на заштеди на граѓаните, со што се ограничува растот на среден рок. Инфлацијата во 2013 година во просек беше 2,8 отсто, а се очекува и во 2014 и 2015 година да остане околу три проценти, благодарение на високите каматни стапки, кои се поддржани од фиксниот валутен курс.

Дефицитот на централната власт, според „Фич“, останал непроменет во 2013 година во споредба со претходната година, односно на 4 отсто од вредноста на БДП. Владата ќе продолжи со фискалното стимулирање и во текот на оваа година, пред се' преку социјалните трансфери и инвестициите во големи инфраструктурни проекти. „Фич“ оценува дека таргетираниот дефицит од 3,5 отсто е одржлив и дека нема да падне под три отсто до 2015 година, додека Владата ги поддржува капиталните инвестиции.

Бруто-долгот на Владата се очекува да забележи зголемување на околу 36 отсто оваа и еден процентен поен повеќе во текот на 2015 година. Релативно краткиот рок на достасување на обврските значи дека потребите за финансиски средства ќе биде околу 13 отсто од вредноста на БДП, но бидејќи околу 79 отсто од јавниот долг е во странска валута ги остава јавни финансии да бидат ранливи на флуктуациите на девизниот курс.

Дефицитот на тековната сметка на Македонија има извесно проширување во изминатите години и се очекува во текот на оваа година да биде четири, а следната 4,5 отсто од вредноста на БДП.

Иако и понатаму извозно ориентираните проекти на странските директни инвестиции и растот на побарувачката во еврозоната треба да му дадат посилна поддршка на извозот, увозот се очекува да расте со слично темпо.

Надворешниот нето-долг на земјата и понатаму ќе се движи во границите на околу 15 отсто, а банкарскиот сектор, како што истакнува „Фич“ е добро капитализиран со 14,4 отсто адекватност на капиталот. Нефункционалните кредити заземаат 10,9 отсто, но нема потреба од паника бидејќи истите во целост се покриени со резерви. Сепак, системот е фокусиран на три банки кои сочинуваат околу две третини од депозитната и кредитната база во Македонија.

Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека според актуелните анкети владејачката ВМРО-ДПМНЕ најверојатно повторно ќе освои мнозинство во парламентот на претстојните избори, кои треба да се одржат во април, што според извештајот, нема да има поголемо влијание врз политиката. Но, Агенцијата не очекува земјава да постигне значителен напредок кон членството во НАТО и Европската унија, пред се' поради прашањето за името со Грција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik